Вpнeжитe нeдoвoлни, oд cyшaтa зaгpoзeни cитe зeмjoдeлcки кyлтypи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стабилното и суво време најавено за неделава, со повремена облачност и температури кои нема да го надминат триесеттиот степен, ќе им годи на земјоделците само за прибирање на родот, оној што остана, а се наоѓа на отворено, велат агрометеоролозите.

Состојбата со сушата се чувствува секаде, додаваат, и покрај промената на времето во текот на викендов, со повремените врнежи дожд. Остануваат загрозени сите земјоделски култури, како многугодишните видови, виновата лоза и овошките, така и сите останати едногодишни, пролетни окопни, градинарски или индустриски култури, кај кои нема услови за наводнување.

-Неповолни временски услови во земјоделството имаше и во изминатата седмица, но со неколку степени пониски температури на воздухот, особено во текот на ноќта, што воопшто не ја сменија состојбата со долготрајната суша. Промената на времето во текот на викендот со повремени врнежи од дожд, не очекуваме да ја решат состојбата, заради фактот дека недостасуваат многу повеќе врнежи од очекуваните, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, вегетацијата е при крај, па препораката за наводнување го губи своето значење и нема битно влијание врз земјоделското производство во овој период, со исклучок на виновата лоза која годинава е една од најзагрозените култури и кај која наводнувањето се уште може да има позитивно влијание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This