April 28, 2024, 10:15 am

ГАЛИЧКА СВАДБА „МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ“: „Њујорк Тајмс“ ги испрати читателите на Галичка свадба како еден од најдобрите фестивали во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Њујорк тајмс” на своите читатели им препорачува девет фестивали во Европа кои мора да се видат. Меѓу фестивалот Јасмин во Франција, Тартуфи во Италија, средновековната церемонија во Германија, фестивалот на домати – Ла Томатина во Шпанија, на листата е и Галичката свадба во Македонија.

Галичник е мало село, само двајца жители живеат во оваа планинска населба скриена на масивот Бистра. Но, за време на свадбениот фестивал кој традиционално се одржува викендот најблизок на 12 јули, на празникот на православните христијани Свети Петар, илјадници патници и сограѓани се враќаат и ги исполнуваат куќите на стрмните падини. Три дена трае свадбата, веселбата, обредите, поворките и ритуалите кои кулминираат со бракот на претходно избраната двојка по потекло од селото, пишува весникот.

На оваа листа на „Њујорк тајмс“ се и летниот фестивал во Шведска, фестивалот на рибарските бротчиња во Шкотска, фестивалот на пивото во Пилсен, Чешка и винскиот фестивал во Париз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This