Гарванлиев пее шести во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2021“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега сум вулкан, одиме понатаму. Застанете со мене, зошто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“!

По толку скандали кои се случувале око нашиот настап на овогодишната “Песна на Евровизија“, сепак МРТВ беше таа која пресече дека Васил Гарванлиев ќе биде македонскиот претставник. Токму за него евровизиската ждрепка одлучи да пее во првата полуфинална вечер и тоа шести по ред.

Конкуренцијата е многу сериозна, тука се со нас и: Шведска, Украина, Израел, Азербејџан земјите, кои веќе победувале на „Евровизија“. Колку бројката 6 ќе му биде среќна бројка (за да влезе во Големото финале) останува да видиме кога на 18 мај ќе застане на Големата евровизиска сцена да ја запее неговата авторска песна „Овде стојам“, а ќе ја пее на англиски јазик на кој пеат скоро сите учесници.

Тоа е една од маните на овој фестивал, но организаторите не можат или не сакаат да најдат некое друго соодветно решение, на пример како некогаш кога секој си пееше на својот мајчин јазик, па и победуваше. Сетете се само на Марија Шерифовиќ, која на својот српски јазик победи со „Молитва“. Но, за тоа потоа…

Васил е сосема подготвен во секој поглед, и во погледот на облекувањето за кое ќе се грижи македонскиот креатор Раде Василев. Пејачот гордо изјавува: „Ги заборабам сите тие немили настани, одиме понатаму. Застанете со мене, зашто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“. А, јас стојам со отворено срце, ѕидовите се урнати и ви се давам вам. Сега сум вулкан! Пеам за вас, пеј и ти со мене, Македонијо!
Холандија како земја домаќин завчере донесе и долгоочекувана важна одлука во ова време на пандемијата, со која ќе им се дозволи на одвај 3.500 фанови да присуствуваат во самата сала на изборот на песна на „Евровизија 2021“.
Настанот е планиран да се случи од 18 до 22 мај во ротердамската „Ахој арена“. Така е планирано, а дали така конечно ќе биде, ќе видиме, сè во зависност од коронаситуацијата.

Според другиот евровизиски план, салата ќе мора да биде полупразна, а на оние кои ќе бидат дел од настанот во арената ќе им треба негативен тест за ковид-19 или да се вакцинирани и ако не дообјаснија со која од вакцините?
Организаторите на „Евровизија“ ја поздравија одлуката на холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат сите опции кои ќе бидат достапни“.
„Следните недели ќе објавиме пак нови правила за тоа како можеме најбезбедно да ја примиме публиката во „Ахој арената“ во Ротердам, а да се штитиме од вирусот, изјавија организаторите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This