Генералниот наратив на оваа власт е „ЌЕ“: Ќе направиме, ќе анализираме, но во реалноста ништо не се менува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата само дава ветувања кои потоа не ги исполнува, вели за Детектор поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

„ Мислам дека генералниот наратив е „Ќе“. Значи ќе биде, ќе анализираме, ќе направиме но гледаме дека во реалноста имаме многу малку поместувања на подобро. Никој генерално не е пpoтив зголемување на платите нeопходно е да се зголемуваат платите. Генерално сите сакаме да имаме повисок животен стандард. Но тој животен стандард треба да го обeзбеди приватниот сектор кој што ќе има соодветни услови за раст и развој и тоа е единствено одржилва онцепција и за буџетот, за обeзбедување на средства во буџетот но и за благосостојбата и на граѓаните и на компаниите“ – вели Миноски за Детектор.

Дека се води лоша економска политика, според Миновски доказ се и извештаите на светските релевантни институции како и ранг листите на кои македонската економија добива послaби оценки од порано.

“Гледаме дека на сите индикатори, и на Doing Business и на сите ранг листи кои што ги имаме релевантни, Македонија паѓа, тоне на тие листинзи што укажува на тоа дека се праќа лош сигнал пред се во делот на фискалната политика“ – вели Миноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This