Генијален потег или невкусна шега? Им ветиле празничен бонус на сите вработени, но еве што добиле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претпазливоста на интернет никогаш не е доволна – ова е лекција која на потешкиот начин ја научиле вработените во една компанија од Аризона.

Компанијата која регистрира интернет домени, „GoDaddy“, испратила мејл до сите вработени во кој стоело дека ќе добијат бонус од 650 долари како подарок за празниците. 

„Оваа година беше година на рекордни успеси. Ви благодариме. Не можеме да бидеме заедно на божиќната прослава, но сакаме да ви изразиме благодарност со еднократен празничен бонус од 650 долари“, пишувало во пораката.

Меѓутоа, сето тоа било само еден тест од компанијата. Вработените кои кликнале на линкот кој се наоѓал во мејлот (околу 500 од нив), по 2 дена добиле нов мејл во кој пишувало дека паднале на тестот и дека ќе мора да посетуваат курс по социјален инженеринг, пренесува порталот „Copper Courier“.

Додека едни на социјалните мрежи го фалат ваквиот потег на компанијата, други имале помалку разбирање, тврдејќи дека си играат со туѓите чувства и покажуваат отсуство на емпатија кон своите вработени.

Инаку „GoDaddy“ и претходно оваа година се најде на удар на критики бидејќи отпушти голем број вработени и покрај остварениот профит.

„Ние сериозно ја сфаќаме безбедноста. Сфаќаме дека некои вработени се вознемирени поради овој обид за фишинг и им се извинуваме. Сега ги тестиравме, но ќе бидеме пообѕирни кон нив во иднина“, гласи официјалното соопштение на оваа компанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This