Германија вo cлeднитe тpи нeдeли ќe дoбиe 5 милиoни вakцини пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку пет милиони вакцини против коронавирус ќе пристигнат во Германија во следните три недели, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот за здравство Јенс Шпан рече дека новите количини, кои се од компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, се „добра вест по тешкиот почеток“.

Министерството на Твитер наведува дека 3,5 милиони вакцини биле доставени во Германија во изминатите пет недели и дека биле примени 2,2 милиони вакцини.

Околу 2,2 проценти од 83 милиони луѓе во Германија ја примиле првата доза на вакцина.

До денеска околу половина милион граѓани ги добија двете дози.

Канцеларката Ангела Меркел свика состанок со премиерите на 16 германски сојузни држави во понеделник, на кој ќе се разговара за бавноста на вакцинацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This