ГЕРМАНИЈА КАКО ВО 30-ТИТЕ ГОДИНИ НА МИНАТИОТ ВЕК: Улични пpecметki, бomби, на повидок гpaѓaнcka вojнa во Германија?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франк Магник, пратеник и локален функционер на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), тешко е повреден во „политички мотивиран“ напад од повеќе луѓе во Бремен.

Франк Магник, пратеник и локален функционер на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), тешко е повреден во „политички мотивиран“ напад од повеќе луѓе во Бремен.Полицијата од Бремен соопшти дека нападот се случил вчера попладне во центарот на градот.

„Имајќи ја во предвид позицијата на жртвата, веруваме дека се работи за политички мотивиран чин“, рече полицијата. Исто така е наведено дека безбедносните служби одговорни за овој вид на прашања започнале истрага.

АфД објави слика од својот пратеник во бессознание во болнички кревет. Неговото лице на сликата е крваво и отечено, со долг и длабок рез на челото.

Според АфД, Магник бил нападнал од три маскирани мажи. „Го удирале со летва се додека не се онесвестил, а потоа продолжиле да го шутираат“, соопшти АфД, додавајќи дека нападот бил прекинат од градежен работник кој таму се нашол.

Еден од лидерите на АфД, Јерг Мојтен ги обвини напаѓачите дека Магник го „тепале речиси до смрт“ и рече дека е „вознемирен“ поради случајот.

Минатиот четврток, детонација на експлозив во канта за ѓубре тешко ги оштетила просториите на АфД во Саксонија, едно од упориштата на таа десничарска партија, а полицијата и тој напад го оцени како политички мотивиран.

Од изборите во 2017 година, АфД е најголема опозициска партија во Германија. Таа во моментов ужива поддршка од нешто помалку од 15% од граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This