Германија – Немаат вакцини, а нарачуваат за 2022 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред форумот на здравствени работници, министерот го бранеше напредокот постигнат во набавката на вакцината на онлајн конференција, велејќи дека 2,3 милиони граѓани, од 83 милиони во Германија, веќе ја примиле првата доза на вакцината.

Германија нарачува вакцини за 2022 година во случај да биде неопходна друга доза на имунизација против ковид-19, рече министерот за здравство, Јенс Спан.

Тој додаде дека никој не знае дали на Германија ќе и бидат потребни дополнителни количини.

“Штом ќе се прошират производните капацитети, ќе нарачаме вакцини како мерка на претпазливост. Ако не ни требаат, добро, но ако ни требаат – тие ќе ни бидат достапни”, додаде германскиот министер.

Некои покраински премиери денес се приклучија на критиките кон федералната влада, пред состанокот на новата работна група за вирусот корона, според Ројтерс.

Националните и регионалните претставници задолжени за договорот со фармацевтските компании и претставниците на Европската унија ќе се соберат на иста маса во понеделник.

Баварскиот премиер Маркус Зедер предложи нови правила кои и овозможуваат на државата да има поголеми овластувања во насочувањето на резервите на вакцини кон оние на кои им е најпотребно.

Тој ги повика властите да размислат за одобрување на кинеските и руските вакцини за употреба во Европа.

Европските влади се соочуваат со критики во врска со набавките за вакцини, што е забавено со најавите на производителите АстраЗенека, Фајзер и Модерна дека ќе ги намалат испораките на договорени дози исто како што се очекува да го зголемат производството на вакцини, додека многу европски земји и завидуваат на успешната забрзана масовна вакцинација. успеале да ги имплементираат Велика Британија, Израел и САД, според британската агенција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This