Германската eкcпepимeнтaлнa вakцинa пpeдизвикa иmyн oдгoвop кaj луѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експерименталната вакцина на германската компанија Кjурвак против Ковид-19 предизвика имун одговор кај луѓето, соопшти денеска компанијата.

– Многу сме охрабрени од податоците од првата фаза, рече извршниот директор Франц-Вернер Хас.

Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, ист како „Модерна“, како и Бионтек и неговиот партнер Фајзер, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.

Кјурвак информира дека нивната потенцијална вакцина, позната како CVnCoV, генерално добро се поднесува и компанијата планира да почне со последната фаза на тестирање на луѓе пред крајот на годината.

Компанија поддржана од германскиот инвеститор во биотехнологија Дитмар Хоп, фондацијата Гајетс и ГлаксоСмитКлајн, соопшти дека волонтерите развиле нивоа на неутрализирачки антитела како луѓе кои се опоравуваат од тешка форма на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This