Германскиот генерал ја откри „Ахиловата пета“ на НАТО во случај на koнфликт со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пензионираниот генерал на НАТО Хенри Браус тврди дека, во случај на конфликт со Русија, балтичките држави ќе бидat „ахиловата пета“ на Северноатлантскиот сојуз, пренесува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Како што се наведува, генералот смета дека ќе биде тешко да се брани тој регион со воени средства поради значителниот удел на руското население и географската позиција.

Браус се повика на извештајот на истражувачкиот центар „Ранд Корпорејшн“, според кој Русија може да ги опколи Рига, Вилнус и Талин за помалку од 60 часа.

Од друга страна, пензионираниот генерал на НАТО, Бен Хоџис, ги посочи катастрофалните проблеми при трансферот на армијата на источните граници на Алијансата. Според него, пополнувањето на документите на царината трае многу време, а патиштата и мостовите во тој регион не се прилагодени за тешка опрема, поради што Хоџис еднаш се заглавил со цистерни во тунелот.

Двајцата експерти предложија сценарија за акција, вклучително и трансфер на армијата по море од Скандинавија до Естонија и попознатата копнена рута од Германија преку Полска до Литванија. Тие посочија дека во вториот случај потребно е да се обезбеди професионален трансфер и снабдување на армијата, како и поедноставување на царинските прописи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This