ГЕРМАНСКИОТ ШЕФ НА ДИПЛОМАТИЈАТА СО ЗАГРИЖУВАЧКА ОЦЕНКА: Светот се наоѓа во „Студена војна верзија 2.0“ – следи нова нуклеарна трка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел денес изјави дека светот се наоѓа во „студена војна верзија 2.0“ и додаде дека претседателите на Турција, Русија и САД им е „заедничко тоа што со искажувањето на сила се обидуваат да добијат почит, па светот го гледаат како арена, како воено поле“.

Во интервју за германскиот весник „Билд“ Габриел предупредува дека светот се соочува со нова фаза на „нуклеарно вооружување“ и дека е во сред „студена војна во верзија 2.0“.

Се наведува дека Габриел зборувал и за ново „ледено доба“ во односите на Западот и Русија и опасноста двете страни да натрупаат оружје.

„Германија би требало да истапи и да се спротивстави на тоа“, вели Габриел.

На прашањето на новинарите „Кој е најлош од тројцата претседатели – турскиот Реџеп Таип Ердоган, американскиот Доналд Трамп или рускиот Владимир Путин“, германскиот шеф на дипломатијата одговорил дека им е заедничко тоа што „со искажување на сила се обидуваат да придобијат почит“.

Габриел рекол дека тие тројца светот го гледаат „како арена, како воено поле“

„Тоа е опасен равој на ситуацијата“, оценува Габриел.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This