Германски историчар pacпали по Брисел: Замислете Германија да им каже на Австријците дека се Германци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот историчар Улф Брунбауер коментирајќи го меморандумот на Софија вели дека Брисел и особено Берлин треба јасно да ѝ стават до знаење на бугарската влада дека тоа е навистина глупава идеја.

Запрашан како е можно една држава да го негира постоењето на една нација и нејзиниот јазик во соседна држава, Брунбауер вели:

„Еве, Бугарија покажува дека тоа е можно- преку едноставно туркање на сопствениот националистички поглед на историјата и културата врз друга земја и нејзиниот народ.

Тоа би било слично како Германија да им каже на Австријците дека се всушност Германци, или Данска да ги нарекува Норвежаните аномалија бидејќи некогаш биле дел од заедничка империја, а нивниот стандарден јазик бил развиен подоцна од данскиот…“ вели германскиот професор за „Дојче веле“.

Запрашан дали постои некој сличен пример во историјата на Европа на ваква негација, и како бил решен спорот Брунбауер со одговор:
„Не, единствената слична епизода беше долгогодишниот спор меѓу Грција, и повторно Македонија, кој беше поттикнат од национализам без никакво значење за суштината на пристапувањето во ЕУ и НАТО. Но на крајот, Грција и Македонија најдоа компромис во Преспа.
Сега Бугарија провоцира уште поглупав конфликт за целосно измислени билатерални проблеми. Прашањето како историчарите или политичарите во Македонија ја интерпретираат историјата на нивната нација или на нивниот јазик можеби ги збеснува бугарските националисти (и обратно) но тоа нема никаква врска со Критериумите од Копенхаген или кои било други критериуми кои треба да исполни земја-кандидат за членство во ЕУ“.

Целото интервју на следниот ЛИНК

Фото – Ана Перезолова Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This