ГЕРОВСКИ: Другарчиња, вие самите го отфрливте македонизмот и сега се чудите зошто Софија ве нaтpти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Молам грубата дума од насловот на овој текст да не ми се есапи за лутина, разочараност или за страв дека Европската унија нема да ни даде датум да почнеме да преговараме. Напротив, јас, како и премиерот Зоран Заев, сум оптимист дека ќе го добиеме тој датум. Но, тоа што претседателот Стево Пендаровски го препознава како француски предлог за подобрување на „методологијата“ и на „критериумите“ за преговарање ќе биде она со што биде придружен датумот – многу услови, домашни задачи и силен мониторинг. Тоа веќе го предвидов: едно „да“ со многу „но“. И јас ќе се радувам токму на таквата добивка, бидејќи таа ќе значи позитивен притисок вие, другарчиња, да почнете да работите подобро, поодговорно и попосветено. Добро, три дена ќе славите и потоа четвртиот ден ќе ви преседне, ова во својата најнова колумна за ПлусИнфо го пишува новинарот Бранко Героски.

Исто така, токму како и премиерот Заев, јас сум убеден сум дека Бугарија нема да ја блокира одлуката за датумот и дека проблемите кои ескалираа во последно време во односите меѓу Скопје и Софија можат да се надминат. Затоа и апелирам сега, кога во Бугарија најамбициозно се исцртуваат црвените линии на оспорување на македонизмот, ние од Македонија до нашите браќа Бугари да им испратиме пораки на пријателство и на спокојни очекувања од иднината.

Знам дека ова ќе прозвучи малку нелогично и троа и лигаво, но одлучно тврдам дека Бугарите не се виновни за ваквиот неповолен развој на настаните. Не, вината треба да се бара тука, кај нас во Македонија, кај другарчињата, кај Заев и кај неговата пропагандна машинерија. Ете затоа ним им се обраќам и оттаму и онаа грда дума во насловот.

Целата колумна на Героски можете да ја прочитате ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This