ГЕРОВСКИ ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЗАЕВ: Другар Заев, убавината на транспарентноста е во одговорноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Џаба злато, паре све, просуо би дукате, ама залудно карванот врви, а кучињата ќе лаат“.
Иако Геровски доби добра сума на пари од Фондот за иновации и технолошки развој за неговиот весник Слободен Печат, тој побара одговорност од Зоран Заев. Геровски со неговиот весник Слободен Печат добија неверојатни 10 милиони денари од ФИРТ, но сепак тој не е задоволен.

-Другар Заев, убавината на транспарентноста е во одговорноста, Само одговорноста може да доведе до ултимативната цел, а тоа е луѓето во власта да не прават ујдурми, за да не мора владата да се враќа чекор назад, туку да граби два чекори напред, напиша Геровски во својата последна колумна.

Во понатамошниот текст на својата колумна Геровски се обидува да ја банализира ситуацијата и на некој начин да го оправда Зоран Заев, за потоа со десен директ да се обиде да го нокаутира во политичка смисла на зборот премиерот.

– Многу е несериозно, на пример, да се каже следново: „Ако така бараме оставки, потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта“. Овој „аргумент“ деновиве е изложен на потсмев, бидејќи луѓето со право прашуваат каква партија е СДСМ ако не може да најде подобри луѓе за во власта (не за тркалање буриња, де), од некои функционери чии синови, снаи и други весели роднини така речи вчера формирале фирми за да лапаат тендери. Уште понесериозно е да се тврди дека „убавината на транспарентноста“ била во тоа што „Владата знае да се поправи, знае да инсистира, да биде упорна во своите ставови, но истовремено знае и да се врати чекор назад“. Не е така, другар Заев! Убавината на транспарентноста е кога таа носи и одговорност за сите чие поведение не е во ред, пишува Геровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This