ГЕРОВСКИ СЕ СВЕСТИ: „Бomбите“ не смеат да бидат докази и – точка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Бранко Героски, кој јавно ги поддржува политиките на владата на Заев, во денешната колумна за „Плусинфо“ пишува дека бomбите, односно нeлeгaлно прибавените снимки морало и мора „да бидат третирани само како индиции врз основа на кои ќе се поведуваат истраги и ќе се обезбедуваат „цврсти“ докази“.

За жал, неодговорната власт и егзалтираната јавност ги прифатија „бomбите“ како докази со кои може слободно и мериторно да се „разнесе“ нечија судбина.

Е тоа така веќе не смее да биде! Тоа е спротивно на сите правни принципи. Европа таква „правда“ не познава и не признава. Во иднина, снимките мора да бидат само индиции, а СЈО не смее и нив и сознанијата добиени од истрагите да ги споделува со јавноста (со одбрана група новинари), со цел обвинетите да ги „суди“ во медиумите и на социјалните мрежи., пишува Героски.

Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

Во овој случај има две прекршувања: докази стекнати на нелегален начин, и kpшење на човековите права со нeлeгaлно приcлyшувaње.

А клучното прашање што мора да се расчисти, покрај продолжувањето на мандатот на СЈО и неговото вкалапување во системот на контрола на власта (без што оваа чир-институција допрва ќе добива карактеристики на прек cyд), е третманот на нeлeгално обезбедните аудиоснимки, кои во досегашните постапки беа прифатени како докази. Понекогаш, да не речам и почесто, во отсуство на други докази, овие снимки беа третирани и како крунски дokaзи, врз основа на кои паднаа и првите прecyди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This