ГЕРОСКИ ЗА ИЗБОРИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ се eтаблираше како водечка сила во земјата, Пендаровски доби 120.000 албански гласови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Слободен Печат, Бранко Героски, во својата денешна колумна прецизно ги анализираше изборните резултати од претседателските избори од вчера.

Героски вели дека победата на Пендаровски е јасна и нeдвосмислена, но, во исто време се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ се наметнyва како водечка сила во земјата.

–Со близу 380.000 освоени гласови и со победа во поголемиот дел од македонските општини, ВМРО-ДМНЕ во овој момент се етaблира како водечка политичка cила во земјата. Тоа е факт што не може да се одрече, без оглед што ова не беа парламентарни, туку претседателски избори. Не само што се потврди, туку и се засили одличниот резултат на партијата по првиот изборен круг – пишува главниот уредник на Слободен Печат.

-Пендаровски е претседател и по заслуга на ДУИ и пред сѐ на лидерот на таа партија, Али Ахмети, кој го промовираше концептот на избор на заеднички, или како што го нарече – консензуален кандидат. Иако предлогот на Ахмети не беше коректно испочитуван, близу 100.000 приврзаници на ДУИ во вториот круг сепак гласаа за новиот претседател. Но, внимавајте, концептот за заеднички настап на СДСМ и на ДУИ сигурно нема да се повтори на претстојните редовни или вонредни парламентарни избори, бидејќи партијата на Ахмети мора да ги измери силите со Алијансата и со БЕСА, кои во првиот изборен круг освоија неверојатни 70.000 гласови. Анализите веројатно ќе покажат дека околу 120.000 гласови на Албанците сигурно завршиле на контото на Пендаровски, но не е сосема јасно чии се тие гласови. Таа работа ќе треба да се расчисти во следниот изборен циклус. ДУИ нема да сака и нема да се смее да се крие зад некакво идно партнерство со СДСМ, пишива Геровски.

-Ако е точно тврдењето дека 100.000 гласови на приврзаниците на албанските политички партии завршиле на контото на Пендарвски – а тоа е тешко да се одрече! – тоа ни кажува дека СДСМ, заедно со ЛДП и со другите помали политички партии од широката коалиција, во овој момент „тежи“ меѓу 330.000 и 340.000 гласови. Тоа, пак, значи дека во земјата доминиpа опозициcко расположение. Повеќе од алapмантна вест за Бихаќка! Не станува збор за потребата да се расчисти со „неколку поединци“, како што вели Заев, ниту за отворање на еден „широк фpoнт на активности“, кој може да значи само разгоp на еден индуциpан популизам, каков што гледавме во времето на Груевски и кој ја доведе Македонија до катастpoфа. Не, СДСМ мора да спроведе итнa и длабока идеолошка и кадровска реформа. Петто, вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ се консолидира и го максимизира својот резултат на овие избори, но раководството на таа партија мора да сфати дека за преземање на власта во Македонија не е доволно да се победи на избори. Да, баш така! Впрочем, Никола Груевски победи на претходните избори, но не успеа да ја освои власта. Зошто? Одговорот на ова прашање е едноставен. Од една страна, тој што претендира да ја освои власта морa да демонстрира волја и капацитет да постигне коалициски договор со водечката партија од албанскиот политички блок; од друга страна, победникот на изборите мора да добие меѓународна „виза“ да го преземе кормилото, а тоа прашање е поврзано со првото и со неколку други битни промени што во ВМРО-ДПМНЕ едноставно мора да се случат. се вели во колумната на Бранко Геровски за Слободен Печат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This