Героски: Прогресот не го дава Зокита, прогресивни аналитичари плачат по телевизии и по социјални мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да не претеравме малку? Што има ние толку многу да мислиме за оставката на Заев? Освен тоа, на толку мислење, постои опасност да смислиме нешто паметно. Он нека му ја мисли. Никој не го влечеше за јазик. Никој не го тераше да се прави важен. Да нѐ предизвикува. Да се прчи, пишува Бранко Героски во денешната своја колумна.

Татко ѝ ја дава, село не ја дава.

Село не ја дава, оти е убава.

Оти е убава, бела ем црвена…

Е баш така испадна работава со оставката на Зоки Заев.

Во СДСМ фрчат апели. Вразуми се, хероју наш! Не нѐ оставај сега, кога злото се обедини, наместо прогресот.

Името ќе ни го вратат, Зоќиииии!

Се пишуваат писма и петиции, се собираат потписи.

Дознавам дека се спрема и штафета на младоста лудоста. Ќе тргне од Куманово и преку цела Македонија ќе стаса во Муртино, каде што ќе се одржи слет и пригодно предавање на штафетата на лидеро. Ќе му ја предаде Јелена од Горњи Милановац, качена на противпожарната скала што ни ја купи Петре Шилегов. Така акцијата ќе добие меѓународна димензија, во рамките на проектот „Отворен Балкан“.

Сѐ на сѐ, прогресот не го дава Зокита.

Прогресивни аналитичари плачат по телевизии и по социјални мрежи.

Тричко во очај го силува мртвото тело на Македонија, повторно и повторно и никако да сврши. Да остави прогресивен семен за ДНК анализа. И пак сме без материјални докази за обљубата, додека злосторството застарува преку ноќ. Какво ебавање, такво сеќавање…

Сѐ на сѐ, атмосфера ко у Северна Кореја по смртта на Ким. Таткото или синот, сеедно.

Дијагноза, што би рекол Мирко Попов.

Светските медиуми, пак, воодушевено известуваат за храбриот Заев, жртвата на Европската унија. За неговиот потег што воспоставува нови етички стандарди во политиката, не само во Македонија, не само на Балканот, туку и во светски рамки.

И си мислам… Незгодно, мајку му стара. Што ли ќе пишуваат утре кутрите ако Заев не му ја прифати оставката на Заев, односно ако се утврди дека веста за оставката на доблесниот премиер била хибридна?

А и новинарството се претера деновиве, што би рекол Велија. Секој ден нови брифинзи, нови сценарија за иднината, но и нови пенетрации во областа на истражувачкото новинарство, што треба да откријат како СДСМ изгуби на изборите, ВМРО не победи, а Заев испадна славен, макар и од позиција на лузер.

Се претерав и јас, да бидем искрен. Три дена и ноќи на малите екрани фрфљам, се пењавам и ја анализирам Заевата етика. Немате претстава колку е тешко да се анализира нешто што, всушност, не постои!

Згора на сѐ, анализираш, мудруваш, а знаеш дека, како што забележува и Џевдет Хајредини, не е исклучена можноста наскоро и прашањето на оставката на Заев да стане банално, исто како она за оставката на Филипче за ужасната трагедија во тетовската болница.

Можеби е време сите да одмориме малку.

Да не беше оној Бетмен, немаше да ми текне на една славна реченица на Аце Русевски, познатиот македонски боксер и филозоф, кој, запрашан што мисли за својот следен противник, рекол: „Што има јас да мислам, он нека му ја мисли!“

Сакал Аце да каже – не е мое да го мислам, мое е да го тепам!

Навистина, што има ние толку многу да мислиме за оставката на Заев? Освен тоа, на толку мислење, постои опасност да смислиме нешто паметно.

Он нека му ја мисли. Никој не го влечеше за јазик. Никој не го тераше да се прави важен. Да нѐ предизвикува. Да се прчи.

Го знаете вицот за папагалот што ја плеснал стјуардесата по задникот? Охрабрен, после него, ја плеснал и газдата. Пилотот ги фрлил двајцата од авионот. Додека паѓаат во понорот, гледа газдата како папагалот мафта со крилцата и го прашува: „Добро, а што да правам јас сега?“ Папагалот му одговара: „Па што се курчиш кога не знаеш да леташ!“

Е така и Зоки наш… Не знае да лета.

Нејсе, има кој да му ја мисли. Ние ли? Злите и неодговорните? Ма нееее! Зоки ли? И тој не. Веќе го искараа дека бил премногу емотивен, дека избрзал, дека донел непромислена одлука. Па кој тогаш?

Тука се командантите на ДУИ да бдеат над стабилноста, безбедноста и просперитетот на Република Македонија. Псе јо?

Нека мислат и сите други политички лидери што велат дека вака не се договориле со Зоран Заев и кои сега се повикуваат на некакви договори и должничко-доверителски односи.

Се договориле со Заев… Ахахахахаха!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This