ГЕРОСКИ СЕ ИЗНАСМЕА НА КОМЕНТАРИТЕ НА ДОНЧЕВ: Kpивичната приjaва на г-ѓа Вера Иванова пpoтив него и пpoтив министерот г-н Филипче е факт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Г-Н ДЕКИ (ДОНЧЕВ), УТРЕ ЌЕ ГО ПРОКОМЕНТИРАМ ВАШИОТ ПРЕС И ЌЕ ОТВОРАМ НОВИ ПРАШАЊА ЗА АФЕРАТА НАРЕЧЕНА “РЕКЕТ 2”

Само што го проследив денешниот прес на г-н Ден Дончев и се изнасмеав поради “вниманието” што ми го посвети, “заблагодарувајќи” ми се лично што сум го поттикнал расветлувањето на случајот кои некои веќе го нарекоа “Рекет 2” и јавно нудејќи ми се дека ми стои на располагање да му поставувам прашања, без криење под псевдоними како Кики, Фрики итн.

Бреј, бреј, бреј…

Не знам кој го советувал г-н Дончев да заземе ваква блазирана поза, но еве, ќе му појаснам некои работи. Да, за денес имав закажано и остварив средба со драга и важна јавна личност и таа средба ми беше многу побитна од пресот на Дончев. Ако г-н Дончев имал потреба од моето присуство, требало пристојно да се најави еден ден порано, а од пресот да отстрани најмалку еден парановинар и дисеминатор на лажни вести, со кого не ми личи да бидам во иста просторија и да делам ист микрофон.

Некој требало да му објасни на г-н Дончев дека во мојот напис за аферата на повидок, јас ја раскажав, со имиња и презимиња (а не со псевдоними), кривичната пријава на г-ѓа Вера Иванова против него и против министерот г-н Филипче. Пријавата е факт, а работа на новинарите е да известуваат за фактите. Во мојот текст наведов дека очекувам реакција на г-н Дончев, но и на другите засегнати. Оттаму, немало причина од ова глумење “отвореност и транспарентност” и особено од она непристојно иронизирање и спомнување на Кики и Фрики, кои и денес имаат главоболки поради моите написи за аферата “Рекет”.

Како и да е, еве, го информирам г-н Деки дека во текот на утрешниот ден детално ќе ја прокоментирам содржината на неговата прес-конференција. Дотолку повеќе што мојот прв впечаток е дека г-н Деки јавно призна дека презел несекојдневни и невообичаени активности, со кои вршел влијание врз шведската компанија “Диаверум” да се откаже од аквизицијата во Македонија. Мислам дека со денешниот прес г-н Дончев си направи “мечкина услуга”. Но, за тоа повеќе во мојот утрешен напис.

За посебни средби со г-н Дончев јас не чувствувам потреба. Мислам дека најпрофесионално и најсоодветно е за овој случај да комуницираме строго официјално. Во интерес на истрагата…

 

Г-Н ДЕКИ (ДОНЧЕВ), УТРЕ ЌЕ ГО ПРОКОМЕНТИРАМ ВАШИОТ ПРЕС И ЌЕ ОТВОРАМ НОВИ ПРАШАЊА ЗА АФЕРАТА НАРЕЧЕНА "РЕКЕТ 2"Само…

Posted by Branko Geroski on Friday, September 20, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This