ГЕРОСКИ ТОТАЛНО PAЗОЧАРАН: Јас ги поддржив во 2016-та, а тие ми возвратија со нajдолни kлевети и навpeди од Заевата пpoпаганда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве што и кого јавно поддржав пред три години. И напишав:“… Ајде да ги сконцентрираме нашите гласови и да го победиме режимот. Реално, сега имаме шанса. Па потоа, ќе го промениме изборниот систем, Македонија да биде една изборна единица, ќе го намалиме прагот, ќе ги отвориме листите и ќе организираме едни навистина фер и демократски избори, на кои сите политички опции ќе добијат вистинска шанса”.

За мојата поддршка на СДСМ бев “награден” со секојдневни, најдолни клевети и навреди од Заевата пропаганда. Харангата врз мене продолжувс, се засилува и допрва ќе кулминира. Но, продолжува и ќе се засили и мојата битка со непрокопсаниците.

А јас од оваа власт, како и од претходните, не барав ништо за себе. Никакви привилегии. Ништо. Барав само добро владеење, способни луѓе на клучните позиции и нулта толеранција за криминалот и за корупцијата. Ништо повеќе од она што заеднички им го ветувавме на граѓаните, СДСМ како опозициска партија, јас како слободен новинар кој ја критикува власта.

Денес моите надежи се изневерени. Како и надежите на многу од вас, кои очекуваа повеќе од луѓето со кои некогаш споделувавме исти или слични вредности. Всушност, се самозалажувавме дека тоа е така…

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=145407676866345&id=113048340102279

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This