ГЕРО ЗА ПОСТАВУВАЊЕТО НА КОМАНДАНТ ХОЏА: Поставувањето на командант Хоџа – радикално дупење во здрав мозок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и главен уредник на Слободен Печат и Плусинфо, Бранко Героски, во неговата последна колумна излезе со жестока критика кон владата и премиерот Заев за поставувањето на Џезаир Шакири алиас командант Хоџа за советник на премиерот Заев за безбедност и и борба против радикализам. Колумната на Героски ви ја пренесуваме во целост:

Веста за именувањето на командант Хоџа за советник на премиерот Зоран Заев ја примив со недоумица. Особено откако го прочитав објаснувањето на командантов:

„Откако Заев победи на последните парламентарни избори, имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“.

Си реков, сѐ е можно, ама ова сепак не. Каква е оваа математика? Зарем Танушевци пред изборите било окупирано, па го ослободил командантов? Зарем е можно Заев да одлучил да го приближи Хоџа до себе, за да нема никакви проблеми? Како е воопшто можно Заев да се договарал со „ослободителов“ на Танушевци?

Но ете, на изненадувањата им нема крај. Владата ја потврди веста. Да, командант Хоџа станал надворешен соработник на Заев, за надомест од 36.000 денари месечно. За да „преживее“, не за друго… Десетици илјади други луѓе, меѓу кои и многу кои се бореа да ја „ослободат“ Македонија од режимот на Груевски, ќе мора да почекаат. Приоритет имаат тие што можат на Заев да му направат „проблеми“.

Но, тоа не е сѐ. Се вџашив кога го прочитав целосниот назвив на советничката фукција на командантов – надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за потребите на канцеларијата на премиерот Зоран Заев. Да повторам: надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за потребите на канцеларијата на премиерот Зоран Заев!

Командант Хоџа советник за борба против радикализмот?!?!

Дами и господо другари, извинете на вулгарниот израз, ама морам да ви кажам дека ова се вика – радикално дупење во здрав мозок!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This