ГЕРО КАКО РИС ГО БРАНИ ЗАЈКО: Заев му ветил амнестија на убиецот на Нешковски, Геро се расправа со „шарените“ за тоа кој го наместил да се фотографира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со што Игор Спасов заслужил лично од премиерот на државата да добие ветување дека ќе биде амнестиран, ако претходно токму тој премиер додека работеше од опозиција, најгласно обвинуваше што убиецот на Мартин Нешковски требало да добие повисока казна

 

За само 100 дена, Зоран Заев во потполност ја промени реториката кон убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, ветувајќи му амнестија при посетата на затворот Идризово, со кого и се фотографираше, а фотографијата ја објави на официјалната страница на Владата на Р.Македонија.

Набрзо потоа оваа фотографија беше избришана, но беше доволно јавноста да почне да се сомнева во валкана игра помеѓу Заев и Спасов во креирањето на лажна слика за претходната власт, која токму од Заев, а благодарение на Спасов беше обвинета за убиство на дете.

Јавноста веќе се сомнева дека Игор Спасов одработувал токму за Зоран Заев, за време на протестите за младиот Нешковски, чие семејство беше втурнато во безмилосна, некрофилска политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

На ваквата „грешка“ остро реагираше и уредникот на порталот финансиран од УСАИД и Сорос Бранко Геровски, кој на својот ФБ профил побара „одговорност од „оние кои го наместиле премиерот“ поради објавувањето на фотографијата од затворот „Идризово“ на која Заев се ракува со Спасов.

 

Вики Младенова, една од најгласните учесници на „платеничката револуција“ денес остро го критикуваше Заев, кого патем го нарекува Зајко, за неспособноста и некадарноста на кадрите на Заев, кои „го наместиле“ при посетата на Идризово.

Во одбрана на Заев скокна Геро, кој учесниците во платеничката револуција ги нарече „невоспитани, наакани и неписмени“ додавајќи дека „Зајко“ требало да ги избрка на клоци сите тие како Младенова.

Како што одминува времето, и вистината излегува на виделина, расколот во СДСМ полека но сигурно секојдневно се продлабочува.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This