Гласањето во Сарај и Центар се продолжува за речиси три часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, информираше дека гласањето ќе се продолжи во Центар на избирачко место – 2867/1 за два часа и 55 минути, во избирачкото место 2831 – два часа 55 минути и во избирачкото место 2815 два часа и 55 минути.

Во Сарај гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2433 – два часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 – два часа и 45 минути, на гласачко место 2438 два часа.

Во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на гласачко место 0887 – еден час и 11 минути, во Зелениково на гласачко место 2373 – два часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачко место 1566/1 еден час и 55 минути и избирачко место 1572 два часа.

Во Долнени гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 1471 еден час и 30 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This