Гласот го дадоа, но вода не добија: По 3 години водоводот во Љуботен остана само ветување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ви велам, вака како што сме обединети, ќе има живот и во Љуботен и во општина Бутел“.

Ова им го порача премиерот Заев на жителите на Љуботен во 2017 година во кампањата за локалните избори. Заев беше дојден на овој митинг да го поддржи кандидатот за градоначалник на Бутел Велимир Смилевски, кој, со гласовите на овие жители, дојде на чело на општината, анализира ТВ21.

Жителите на ова село велат дека гласале само за едно ветување, да имаат вода во своите домови.

„За една година, Љуботен ќе има вода за пиење. И поради таа изјава, целото село се согласивме да го дадеме гласот, т.е. да гласаме за тој политички субјект, со единствена цел, во 21 век, да се направи размена на гласови за вода за пиење. Дури и по четири години централна власт, веќе го почнаа и вториот мандат, ситуацијата во селото Луботен е многу лоша“, рече жител на Љуботен.

Трпението на жителите веќе е при крај, затоа што, како што велат, сега и бунарите од кои се снабдувале со вода се исцрпени.

„Имавме бунари но и бунарите се истрошени, ги исполнуваме овие цистерни со вода, бидејќи бунарите се исцрпени“, рече друг жител на Љуботен.

Сега жителите полнат вода на сред село. Со шишиња носат вода дома. Водата од Љуботен им е позната и на другите граѓани на Скопје, кои доаѓаат и полнат вода на овие чешми. Овие две чешми на две места во селото снабдуваат над 400 куќи со вода за пиење, и ова се единствениот извор од кој овие жители се снабдуваат со вода за пиење. Му се јавивме и на градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, да го прашаме зошто не се исполни ветувањето дадено пред жителите, но тој не одговори на телефон, откриваат од ТВ21.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This