Глупавоста нема граници: 41-годишен адвокат ги тужи родителите зошто не му давале доволно пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глупавоста на луѓето очигледно нема граници, а ова е само еден доказ за тоа. Адвокат на возраст од 41 година неодамна ги тужел своите богати родители на суд обидувајќи се на тој начин да ги присили да продолжат да го поддржуваат финансиски на неодредено време.

Овој случај за жал не е единствен, зависноста на таканаречените „возрасни бебиња“ од нивните родители стана се почеста тема во последните неколку години. Ова е само еден од нив!

Човекот е од Лондон, но неговото име не е откриено со цел да се заштити неговата приватност и да не се изложи на јавен линч. Тој тврди дека неговите родители свесно ја негувале неговата зависност од нив во последните 20 години, за неодамна наеднаш значително да ја намалат нивната финансиска поддршка, откако ги расипале односите, што него не му одговарало.

Имено 41-годишниот човек е невработен адвокат и моментално живее во стан во центарот на Лондон, кој е сопственост на неговите родители и не плаќа кирија. Тој буквално немал никакви трошоци, бидејќи освен киријата тие му ги платиле и сите сметки за комунални услуги, но очигледно тоа не му било доволно, пренесува Одити Централ.

„Неговите родители го поддржуваа финансиски со текот на годините и, до одреден степен, сè уште го прават тоа“, рече судијата Џејмс Мунби во својата пресуда. „Тие му дозволија да живее во стан во центарот на Лондон, на кој се регистрирани сопственици и за кои до неодамна плаќале сметки за комунални услуги.”

Тој сакал судијата да донесе одлука неговите родители да продолжат да го издржуваат, а неговите адвокати цитирале закони во врска со бракот и децата за време на виртуелното сослушување во семејниот суд.

Родителите на човекот, кои моментално живеат во Дубаи, побарале судот да го отфрли случајот на нивниот син, а токму тоа го сторил судијата Мунби, изјавувајќи дека нема основа за неговото тврдење. Во своето образложение, тој исто така посочил дека сите негови идни жалби треба да бидат одбиени по кратка постапка.

Пред неколку месеци , имаше сличен случај на пар кој го тужи својот 30-годишен син кој одбил да се исели од семејната куќа, додека минатиот месец 30-годишниот Мексиканец ја пријави својата мајка во полиција затоа што го избркала од куќата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This