Димитров со “напaд“ кон ЕУ: „Ако Европската Унија дозволи македонскиот јазик да биде пpeчка, тогаш не ја заслужува придавката европска, и не знам дали може да и се вepува“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска за време на положување на цвеќе во Прилеп по повод Денот на востанието – 11 Октомври, говореше и за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Тој смета дека ако Унијата дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не ја заслужува придавката европска.

„Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако Европската унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи во своето име придавката ‘европска’ и не знам дали ќе можеме да веруваме на ваква европска унија. Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, рече Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This