ГОДИНА ДЕНА НЕ СЕ МЕРИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО ВЕЛЕС: Единствената мерна станица во Велес речиси една година не мери ПМ-10 честички кои го загадуваат воздухот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствената мерна станица во Велес речиси една година не мери ПМ-10 честички кои го загадуваат воздухот. Од МЖСПП велат дека во постапка е набавка на делот кој е расипан за апаратот, а треба да се набави од странство, а освен за Велес и да се оспособи мерната станица за скопско Лисиче.

Велес во изминатите години, а по затворањето на Топилница не е толку загаден град и доволно е едно мерно место. Затоа сме ангажирани на поставување на нови мерни станици за следење на состојбите на воздухот во другите населени места во земјава, а кои според нашите согледувања се повеќе загадени од Велес велат од МЖСПП.

Инаку, мерната станица во Велес, која е сместена во Детската градинка во Тунел, речиси една година не мери ПМ-10 честички, но затоа ги мери другите параметри на загадување на воздухот: како сулфур диоксид, јаглен моноксид и азотни оксиди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This