Голема пoбeдa за BMPO-ДПMHE: 5:0 во Скопје, повеќе од 50 илјади гласови разлика на ниво на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во советот на Град Скопје, а кандидатот за градоначалник на Скопје поддржан ова оваа партија со водство влегува во вториот круг од локалните избори.

Со 7,805 гласови водство кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, оди во втор круг со Петре Шилегов од СДСМ.

-Петре Шилегов има 77.852 гласа и оди во втор круг со Данела Арсовска која освоила 85.657 гласови, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

ВМРО-ДПМНЕ има и најмногу советници во Град Скопје.

-Во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа има 2 советници, Алијанса за Албанците и Алтернатива има 11.447 гласови и има 2 советници и Група избирачи Драгана Велковска со 9.062 гласа има 2 советници, информираше Даштевски на прес-конференцијата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ има избрано градоначалници во првиот круг во- Ѓорче Петров, Аеродром; Кисела Вода; Сопиште; Бутел; Гази Баба; Виница; Зрновци; Петровец; Илинден; Штип; Карбинци; Свети Николе; Велес; Градско; Босилово; Неготино; Кавадарци; Прилеп; Могила; Новаци; Јегуновце.

И водство за во вториот круг во Македонски Брод; Зелениково; Чешиново Облешево; Кратово; Радовиш; Василево; Ново Село; Битола; Охрид; Кичево; Брвеница.

Инаку, Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика и убедлива победа во советите.

-Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори. Победата им припаѓа и на младите и на старите, и на христијаните и на муслиманите, и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Бошњаците, и на Ромите, и на Власите, и на сите останати. И на работниците, и на земјоделците, и на докторите, и на просветните работници.

Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ над 50 илјади гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има освоено најголем број гласови на советнички листи во вкупно 40 општини. Во 40 општини имаме победи во советите. ВМРО-ДПМНЕ има повеќе гласови на советнички листи од СДСМ освоено во вкупно 46 општини.

Народот го порази Заев. Народот одбра иднина, народот избра промени, проекти и победи, наместо неспособност, неработење и криминал на власта предводена од Заев. Македонија е на чекор до конечна победа која ќе биде крунисана со детонизирање на ненародната власт на Заев. Оваа власт нема повеќе легитимитет и прашање на време е кога ќе биде целосно поразена. Да се обединиме до конечната победа. Волјата на народот е јасна. Македонија бара промени за подобра иднина на нас и на нашите идни генерации.

Ги повикувам сите, сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои што се разочарани од политиката. Ајде заедно да се обединиме време е да ги надминеме разликите да се мобилизираме и да се обединиме. Да покажеме слога во намерите да се направи нешто подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија, со поделби само други користат.

Потребни сме сите заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе, подвлекува Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This