Големи одрони во Македонија, се работи на расчистување на патиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем одрон предизвика застој во сообраќајот на неколку локации, Црна Точка, Баткова Чешма и кај месноста „Боришјето”.

Согласно последната информација на Влатко Цоневски, раководител на подружницата на ,,Македонија пат” од Делчево, најголем проблем засега прават одроните кај месноста „Боришјето” кои ќе се расчистуваат до рано утрото.

-Ги известуваме возачите кои сообраќаат на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, дека во моментот кај месноста викана ,,Боришјето” има поголем одрон, при што е зафатена половина од коловозната лента во правец Делчево – Макеонска Каменица. Пред местото каде се наоѓа одронот, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, поради што апелираат возачите да ја почитуваат истата, информираше Цоневски.

До целосно расчистување на одронот, кој се очекува до раните утрински часови, апелираше до возачите на внимателно при возење.

Раководителот на делчевската подружница на ЈП ,,Македонија пат”, воедно додаде дека во текот на денешниот ден, во два наврата интервенирале во расчистување на паднати карпи кај месностите во близина на таканаречената Црна Точка и Баткова Чешма. Поради дождот, кој непрекинато паѓа сообраќајот по оваа делница и понатаму се одвива по влажни коловози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This