Големото враќање на Koвид-19 во Европа – кај нас ниkoгaш и не си зaминa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со драстичното зголемување на бројот на нови случаи на корона последните денови, во јавноста се наметнува тезата дека покрај „затишјето“, во тек е големо враќање на Ковид-19 во Европа. Меѓутоа кај Италијаните се уште нема паника, а на Франција и се заканува нов полициски час. Во Македонија, од друга страна, бројките остануваат исти – како и се друго.

Иако во Макеоднија се забележува благ пад на бројот на заразени во последните неколку дена, во Европа бројките драстично се зголемуваат. Во Италија во саботата се забележани 1071 позитивен случај на заранзени, што е прва таква цифра уште од мај годинава, додека во Франција регистрирани се речиси 5.000 нови случаи. Само две седмици по отворањето, Берлин регистрираше коронавирус во дури 40 училишта, а последните податоци сведочат за 711 нови случаи на заразени во Германија.

„Отсекогаш жариште беше Париз, како и Стразбур на запад. Заразата се придвижуваше кон Азурниот брег, во Марсеј, Ница, Монпеље, бидејќи парижаните и оние од северот на Франција таму одат на одмор. Сега се вратија во Париз, така да вирусот постојано кружи. А големи се и економските проблеми, се очекува повторно жолтите елеци да излезат на улица и да организираат анти-владини протести, против мерките и се останато. Сепак, тоа е петта светска економија и француската влада значајно помага и највеќе се вложува тамо каде што има највеќе проблеми, тоа е авиоиндустријата, каде се вбризгани стотици милиони евра“ – вели Ѓуро Четковиќ, пренесува „Спутник“.

Четковиќ стравува дека од септември повторно ќе биде воведен полициски час, како и дека сите зборуваат за втор бран, додека првиот се уште не е запрен.

„На сила е задолжително носење на маски насекаде, на отворено и затворени. Тие размислуваат повторно да воведат полициски час од 6, 7 навечер да речеме, па до изутрината“, вели соговорникот.

Тој додава дека помеѓу граѓаните на Франција присутна е паника, но дека постои и анксиозност во поглед на економските последици, со оглед на тоа дека Франција доста зависи и од туризмот кој е најпогоден.

„Впечатокот кој јас го имам, а не сум единствен, е дека Италијанската држава има некоја потреба се уште да ја држи таа паника присутна, луѓето да се плашат во ова време кога се уште не е договорено кога ќе бидат изборите. Дури постои и таа теорија дека оваа пандемија се користи до избори да не дојде. Не велам дека не постојат луѓе кои заболуваат и за жал умираат, но има и чиста политика“, смета Дејан Кусало кој живее и работи во Верона, Италија, пренесува „Спутник“.

„Се заболуваат и умираат постари лица. Но ситуацијата е далеку подобра отколку што беше на почетокот, а тогаш беше многу голема паника. Сега луѓето не ја сметаат ова ситуација за толку опасна“ – сведочи Кусало.

Од мерките кои се актуелни во Италија, Кусало наведува дека е задолжително носење на маски. Дискотеките едно време биле отворени, но поради зголемување на бројот на заразени повторно е затворена. Училиштата најверојатни ќе бидат отворени од септември, но се уште не се знае како о под кои услови ќе функционира наставата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This