Голем број најризични групи луѓе ќе поминат како и до сега – без помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиниот одговор дали помошта од 6.000 денари ќе стигне до оние граѓани кои немаат воопшто сметки, или нивните сметки се блокирани, не беше конкретен ниту прецизно одговорен. Во петокот помина рокот за префрлање на 6 000 денари државна помош на сметките на граѓаните.
Од владата информираат дека во текот на вчерашниот ден, голем дел од податоците на примателите на финансиската помош од 6000 денари биле ажурирани. Парите ќе бидат исплатени до сите на кои им се најпотребни и можат да ги искористат за лична потрошувачка. Во однос на отворањето наменски сметки за граѓаните со блокирани сметки, потсетуваат дека процесот се реализира преку банките кои имаат техничка можност за тоа и исплатата се одвива без проблеми.

Во финална фаза е обработката на поднесените 70 000 приговори од граѓаните кои не се најдоа на листата на приматели. Но, надлежните повторно не прецизираат кога на овие лица ќе им легнат парите на сметка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This