ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ЧОВЕШТВОТО: Кинезите слетаа на темната страна на Месечината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинезите тврдат дека тешкиот маневар успеал уште при првиот обид – вселенска сонда стигна на површината на Месечината и сега ќе ја истражува околината.

Кинеската сонда „Чанг Е-4“ успешно слетал на темната страна на Месечината, објавија кинеските медиуми. Тоа е првото успешно меко слетување на темната страна на Земјиниот природен сателит во историјата на човештвото.


Сондата, на која се наоѓаат возила за истражување, лендер и ровер слетаа на однапред одредена локација на 177,6 степени источна географска должина и 45,5 степени јужна географска ширина на далечната страна на Месечината во 10 часот и 26 минути по пекиншко време, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.

Со помош на комуникацискиот сателит „Чуелијао“, сондата испрати прва фотографија од далечната страна на Месечината, што е ново поглавие во истражувањето на природниот сателит на Земјата.

Сондата „Чанг Е-4“ беше лансирана на 8 декември минатата година.

Освен тоа, „Chang’e 4“ носи и семиња, со цел да се провери дали е можно садење зеленчук во изолирана околина, при ниска гравитација на површината на Месечината.

На вселенската сонда има и апарат за мерење на зрачењето, изработен од научниците на универзитетот „Кристијан Албрехт“ во Кил, Германија. Апаратот една година ќе го мери зрачењето и концентрацијата на вода на почвата и податоците ќе ги испраќа до Земјата.

Сознанијата би требало да помогнат за подготовка на мисии во кои ќе има и луѓе. Во 2019 година Кина планира уште една мисија без екипаж, која би требало да земе проби од површината и да ги донесе на анализа на Земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This