Гордана Јанкуловска: Никола Груевски никогаш не побарал пари од партиската каса која беше кај мене додека јас бев генерален секретар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Јанкуловска денес сведочеше во предметот “Плацеви Водно” во основниот суд во Скопје 1, како сведок на обвинителството.

“Додека јас бев Генерален секретар Никола Груевски како претседател на партијата никогаш нема побарано парични средства од касата на партијата. Сметката ни беше блокирана речиси целиот период додека бевме опозиција и се финасиравме од донации на физички лица и средства од државата по освоени гласови на избори.
Донациите беа мали, и главно се користеа за тековно работење во смисла купување канцелариски матерјал, точење бензин и слично“.

„Донаторите често сакаа да се истакнат пред претседателот на партијата како најголем авторитет во партијата дека ќе донираат одредена сума, па така најчесто претседателот уште додека трае состанокот со нив ќе ме викнеше и ќе ми кажеше за понудената донација на партија, која потоа физичкото лице ја реализираше.
Во мое присуство Никола Груевски никогаш не примил пари од донаторите”, рече Гордана Јанкуловска која беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2004-2006 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This