Господа од Владата, ќе одите и на колена ќе молите да ви достават вакцини – по болниците цели семејства се легнати и се бopaт за живoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Господа од Влада, немате поголем приоритет во моментов од набавка на вакцини, хитно, најхитно, сега и денес, вели гинекологот акушер д-р Татјана Гуржанова, додавајќи дека не им се обраќа на нејзините колеги во Министерството за здравство, затоа што го делат нејзиното мислење до последен збор, но, како што вели, се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат.

Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, све е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават!!!! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија!!
По болниците цели семејства се легнати и се борат за живот, добро знам бидејќи јас лежев 10 дена во ГОБ 8 Септември и ја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности.
На персоналот од ГОБ 8 Септември ( сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам.
И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам!!!!, вели д-р Гуржанова.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This