ГОСТИВАРСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОВТОРНО ВО СКОПЈЕ: Таравари ги посети повредените пациенти во „8 Септември“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва ги посети повредените пациенти кои се сместени во болницата „8 Септември“, пренесува Макфакс.

„Повеќето од пациентите се во добра состојба, во моментов само двајца од нив се во критична состојба. Некои од пациентите се многу добро и се надевам за брзо време ќе бидат пуштени на домашно лекување“, изјави Таравари.

Тој рече дека Општината и Советот ќе разговараат за да видат како да им помогнат на семејствата и додаде дека ова е најлошата несреќа досега.

Утринава, пак, на комеморативната седница за загинатите во сообраќајната несреќа Таравари изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија, дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други. Тој изрази и благодарност до државните и приватните институции и селаните, што помогнале во моментот.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочувство до семејството. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е Божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This