ГОТОВО Е- КАКО МАKEДОНЦИ НЕМА ВО ЕУ: Австрискиот Парламент гo објави ycловувањето на Бугарија за македонската евроинтеграција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На интернет страницата на австрискиот Парламент објавени се документите во врска со проширувањето на ЕУ и заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија.

Од документите се гледа дека Изјавата на Бугарија стана дел од заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.

Според Министерот за надворешни работи Никола Димитров Изјавата на Бугарија била вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

„Советот за општи работи на ЕУ на 24 март (формално на 25 март) едногласно, вклучувајќи ја и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со С. Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше одобрен и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Оперативниот пасус на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов“, изјави минатата недела за МКД.мк Димитров.

Според толкувањето на Димитров – Изјавата на Бугарија приложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ претставува стриктно унилатерална интерпретативна изјава, која не може да го исклучи или измени правниот ефект на одлуката за почеток на преговорите, ниту значењето и опфатот на заклучоците.

Сепак, во документите објавени на интернет страницата на австрискиот Парламент стои дека дел од заклучоците на Советот на ЕУ е и Изјавата на бугарската делегација.

За ВМРО-ДПМНЕ сериозен скандал е тоа што од страна на македонските власти овој понижувачки документ беше сокриен цели 23 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This