ГОЦЕ МИХАЈЛОВСКИ ДО БРАНКО ГЕРОСКИ: Извини Героски, не беше морално, ама сам си го бараше!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Гоце Михајловски на својот ФБ профил објави колумна на Бранко Героски напишана во 2001-та година, во која сегашниот уредник на Плусинфо и Слободен Печат, децидно пишувал против двојазичноста и федерализацијата на државата

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]За новиот Закон за јазиците, секој си има свое мислење и став, па така и Бранко Героски, првото провладино перо, шеф на „Плусинфо“ и „Слободен Печат“, но и дежурен моралист во слободно време, кој, освен што дели лекции на сите – од премиерот, па се до „неважните“ луѓе, еве читаме деновиве, се заканува и со некакви тупи ножеви, колења и слично.
Неговиот став, секако погодувате, е афирмативен и крајно либерален.
Но, не било секогаш така.
Героски, на 18 јули 2001 година, во време на долгите и мачни преговори околу најтешкото прашање од Охридскиот договор – употребата на албанскиот, како главен уредник на „Дневник“ напишал знаменит коментар со наслов „МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЈАЗИЧНА ФЕДЕРАЦИЈА“. Во него, без калкулации и директно, ставот ни го соопштува веднаш на почетокот:
„Нема политичар Македонец што може да прифати разнебитување на националното ткиво на македонската држава. Македонија не може да биде никаква, па ниту јазична федерација. Ете тоа е крунскиот аргумент поради кој мора енергично да биде отфрлено албанското барање за службена употреба на албанскиот јазик на државно ниво“, пишува тогаш Героски.
Денес, сведоци сме, пишува и говори нешто сосема спротивно… спомна некој камелеони?
Инаку, анти-албанството на Героски има корени уште во времето кога пишувал за весникот „Комунист“, орган на СКЈ и СКМ. Ама за да не му стане непријатно, во оваа прилика не би цитирал ништо од неговите тиради (омилен негов термин што го употребува и кај што треба и кај што не треба) против „албанскиот шовинизам и сепаратизам“. Само би го прашал дали може и тој, како мене, да повика јавно, доколку има некаков новинарски производ во кариерата, спротивен на новинарските стандарди, да му биде предочен?
Врвното камелеонство на Героски е, сепак, што од врвен болшевик, 20 и кусур години се продава за голем демократ. Во време кога сите знаеле дека комунизмот е веќе пред распад, без срам и перде пишувал за режимското гласило на комунистите во кое последните години главно се занимавале со „деференцијацијата“ (очигледно од тоа време му останало, па и сега кажува „кој е подобен“), додека вистинските демократи од неговата генерација храбро ја најавувале демократската пролет, преку, на пример, Млад Борец на чело со Никола Младенов. Но, за ова можеби друг пат, ако имам време и живци… Јас можеби сум млад, ама има архиви, а богами и сведоци…
П.С. За тие што се заинтересирани линк од целата колумна на Героски од 2001-та… ТУКА– пишува Михајловски[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This