Наместо во последните сто дена од мандатот, како што се договорија со СДСМ, ДУИ дочека остварување на својата предизборна заложба за Албанец да ја води Владата уште на нејзината петта седница, за што се пофали Артан Груби, кој го замени отсутниот премиер Зоран Заев.
„Денес, во отсуство на премиерот Заев, кој беше во Собраниe да учествува на седницата за избор на заменици-министри, првпат претседавав со седница на Владата, петта по ред, на која разгледавме многу точки и донесовме важни одлуки“, објави „првиот вицепремиер“, кој со широка насмевка го проследи седнувањето во премиерската фотелја.