ГО НАПРАВИЈА МАКРАДУЛИ PEЗИЛ: О2 со жecтока peaкција по презентираните податоци за зaгадyвaњeто од страна на заменик министерот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По прес конференцијата на заменик министерот за животна средина , во однос на загадувањето во земјава, за кое Јани Макрадули цитираше бројки и факти, од О2 Иницијатива реагираат .

Од таму искажуваат разочарување, потенцирајќи дека е фрапантно и површно, како човек како Макрадули аматерски и ненаучно носи заклучоци во презентираните податоци.

„Како е дојдено до презентираните податоци, тоа ќе треба Макрадули и Владата да објаснат. Можеби користи база на “тајни научни податоци”, кои не се достапни за обични граѓани на страницата на МЖСПП, бидејќи расположливите податоци се различни од презентираните??
Пишува, иако тоа јасно не се нагласува, дека се споредуваат 6 месеци во годината, јануари, февруари, март, октомври, ноември и декември. Презентирано за овие месеци во 2019, при тоа декември уште не е завршен, број на денови со среднодневни концентрации на PM10 над гранична вредност, за Миладиновци 31 ден, а всушност се 93 дена, за Центар 31 ден, но надминати се 81 дена, при тоа нема податоци за 10 дена, Ректорат 46 дена, надминати се 123, Карпош 24 дена, надминати се 75, при тоа за 9 дена нема податоци. Гази Баба нема мерења во јануари-март 2019, па не може да се пресметува воопшто за оваа мерна станица. Презентирана е и максимална среднодневна концентрација на PM10 за ови е 6 месеци по години, за 2019 за Миладиновци 156, а всушност е 241, Центар 124,2, но измерена е 263,4, Ректорат 134,2, но максималната е 390, за Карпош 120,7, но имаше 295,7.“ – велат од О2 иницијатва..

Од таму прашуваат што споредувале, како дошле до бројките, ќе треба самите да објаснат, но за сигурно не се презентираните за назначениот период.

„Заменик-министерот за животна средина вели „Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10“. А всушност факт е дека оваа година октомври беше како август, со високи летни температури од 28 и 30 степени, ноември беше микс на септември и октомври, а во декември до сега не видовме вистинска зима, едвај неколку утра со температури под нулата. Факт е исто така, дека голем дел од деновите се проследени и со ветер.

И покрај високите температури и присуство на ветер оваа година, факт е дека мерната станица Ректорат покажала најниски вредности за РМ10 во 2015, а не во 2019, исто како и мерната станица Миладиновци.
Факт е дека овој октомври не покажува намалени вредности во однос на октомври 2015 за Гази Баба, Карпош, Ректорат, Миладиновци. Куманово во октомври 2016 покажува за 33 µg/m3 пониски вредности од октомври оваа година.

Факт е дека во јануари 2010 се измерени далеку пониски вредности за Ректорат, пониски дури за 50%, а за Миладиновци скоро 100% пониски од тие измерени во јануари годинава. Во споредба со 2019, во јануари 2012 измерени се за скоро 20 µg/m3 пониски вредности за Карпош, во Битола 1 и Битола 2 измерени биле повеќе од дупло пониски вредности во јануари 2010, кога и во Тетово се измерени пониски вредности, а во Кавадарци јануари 2016 дава пониски вредности од јануари 2019.

Но, според Макрадули „факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите“. Како ова го заклучи Макрадули, па уште и научно? На што се темели овој “факт”, кој не е ништо друго, туку комплетно неосновано тврдење.
„Резултат на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега“ Како зголемената свест го намали загадувањето? Конкретно, со научни факти?
Макрадули тврди: „Граѓаните, особено помладите користат превозни средства кои не загадуваат“ но секако не кажува ништо за тоа дали бројот на автомобили на улиците е намален? Дали бројот на стари автобуси е намален? Дали бројот на камиони е намален? Дали е намалено загадувањето од сообраќајот? Конкретно, со факти и бројки, научни.
Потоа тврди: „ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва“ Каде е статистиката за тоа колку родители убедиле? Колку домови како резултат на убедување на помладите го промениле начинот на греење? Конкретно, со бројки и факти, научни се разбира.

„има редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции, за прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.“ Само инспекторатот на град Скопје работи во три смени, за построги инспекции од другите инспекторати нема факти, неколку казнети не го решаваат масивниот проблем, иако е добар старт, земајќи предвид дека сето е дело на инспекторатот на град Скопје, кој работи со мал број на инспектори и возила, неопремен, итн.

Макрадули тврди: „Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи“ но ни недостасува информацијата: на колку јавни објекти во Скопје има поставено фотоволтаични системи оваа година и колку тие го намалуваат аерозагадувањето, а и во другите оппштини?
Вели: „го намаливме ДДВ-то за парното греење“ но не кажува, научно, поткрепено со статистика и анализи колку домаќинства се приклучиле повторно на централното греење? На што се грееле пред да се приклучат?

Од Планот за чист водух заменет е начинот на греење на „4 детски градинки, 6 училишта и два административни објекти“. Од ова во Скопје заменет е начинот на греење во 2 градинки. Колкав е нивниот ефект врз намалување на аерозагадувањето, и каква е реализацијата од планираната замена на начинот на греење во 2019?“, истакнуваат од О2 Иницијативата на Фејсбук.

Имено, заменик министерот преку прес конференција сопшти дека годинава има помало загадување во воздухот, а како што рече тој и се придружува на младата Грета , потенцирајќи дека мора да и се верува на науката .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This