Го славиме големиот чудотворец: Испочитувајте еден обичај за се да ви тргне од рака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јануари.

Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики.

Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната.

На овој ден се смета за голем грев доколку се избрка или одбие човек кој проси, односно доколку одбиете да помогнете некому кому му е потребна помош. Доколку го направите тоа, според старите верувања, го навредувате и Свети Ефтимиј, кој особено им помгала на сиромашните, лекувал тешки болести, извел вода во пустина и го мноел лебот, па ќе останете без неговиот благослов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This