April 30, 2024, 12:54 pm

ГО ,,ШИTHA” ПРИЈАТЕЛОТ: Заев се чул со Мицотакис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со Кирјакос Мицотакис, при што му честитал на пoбeдaтa и заеднички изразиле надеж за продолжување на соработката меѓу Македонија и Грција.


Заев, како што објави на својот профил на Фејсбук, му честитал на претседателот на Нова демократија и нов премиер на Грција и му посакал просперитет и благосостојба на Грција и грчкиот народ.

Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу C Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери.

Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Во разговорот упатив признание и честитки за успешните демократски избори со кои Грција уште еднаш покажува дека е водечка земја во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи“, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This