ГРАДИНКИ ВО ЧАИР БЕЗ ГРЕЕЊЕ, ОПШТИНАТА НЕ ГИ ПЛАТИЛА СМЕТКИТЕ: Родители се жалат од третманот на општината Чаир кон децата од најрана возраст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Чаир ги нема платено сметките, па дечињата се принудени буквално да се смрзнуваат во градинките.

Парното е исклучено, просториите се премногу студени. Доцна синоќа, родителите добиле порака да не ги носат денес своите дечиња во градинка, со образложение дека нема парно.

Дел од нив, сепак, немаат избор. Тие денес мора да се на работа, а децата нема кој да им ги чува.

Родители чии дечиња се во градинката „Снежана“ во населбата Топанско Поле, денес имаат навистина голем проблем.

-Синоќа воспитувачката ми испрати порака да не го носам денес детето во градинка. Беше доцна да се јавам и да земам слободен ден од работа. Јас избор немам, морам да го носам својот син. Ова е срамота, парно да нема. Условите секако не се добри, но топлина во овие студени денови, зарем и тоа да немаат? Општината нека си го реши проблемот, вели родител кој ја контактираше нашата редакција.

Стапивме во контакт и со мајка на друго дете од истата градинка. За среќа, има каде да го остави детето на чување, но револтирано вели дека тоа не е решение и дека општината е должна да обезбеди греење во градинките.

Колку градинки во оваа општина од денес се без греење, немаме информации, бидејќи од општината молчат.

КУРИР побара одговори од општина Чаир. Но, од таму, кога го слушнаа нашето прашање, ја префрлаа телефонската врска кај повеќе лица.

На крај добивме одговор дека лицето задолжено за односи со јавност не е на работа, па да се обидеме подоцна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This