ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ: Демирхисарскиот градоначалник нападнал полицаец, па по три дена пријавил дека тој е жртва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандал кој го прикрива полицијата се случил пред три дена во општина Демир Хисар, кога градоначалникот, како што дознаваме, вербално а потоа и физички се обидел да нападне полицаец кој не го отпоздравил при влез во спортската сала

Како што дознаваме, градоначалникот од редовите на СДСМ Марјанче Стојановски во Демир Хисар вербално нападнал униформиран полицаец.

Причината, како што информираат очевидци, била банална, односно градоначалникот кој и самиот пред мандатот бил полициски службеник се налутил бидејќи полицаецот по име Стево не го отпоздравил.

„Во спортската сала во Демир Хисар имаше општински турнир каде градоначалникот беше во посета. Бидејќи е бивш полицаец се сретнал со колегите, а едниот по име Стево не му рекол добро вечер и затоа што не го поздравил, градоначалникот Марјан му се нафрли со погрдни зборови и пцовки го навредуваше униформираниот полицаец“ – тврди очевидец за Инфомакс.

Од извори во полицијата пак, дознаваме дека нападот бил пријавен три дена по фактичкиот настан, и тоа како оштетен бил пријавен градоначалникот Марјанчо Стојановски.

По повеќе од еден час, полицијата одговори на прашањето.

 

„Во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, пристигната е претставка за непрофесионално постапување на полициски службеник вработен во ПС ОН Демир Хисар, а е поднесена од градоначалникот на Демир Хисар М.С. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ги превзема сите активности од своја надлежност за расчистување на оваа преставка. “ – изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Инфомакс.

 

 

 

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This