Градоначалникот на Охрид му честита на Пецаков за кандидатурата: Да сме здpaви и живи, се гледаме на избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, му ја честиташе кандидатурата за локалните избори на својот претстоен ривал од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

На својот Фејсбук профил, Георгиески го повика Пецаков на фер и конструктивна дебата за иднината на Охрид, со желба јавноста да не биде сведок на политички подметнувања и некултурна комуникација во наредниот период.

Иако се уште сме далеку од почетокот на предизборна кампања, упатувам честитки до Кирил Пецаков за изборот за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Посакувам да имаме достоинствена политичка дебата, со високо ниво на култура и почит. Сметам дека како политичари и носители на функции во текот на претстојниот период треба да продолжиме да работиме за интересите на Охрид, а како кандидати за градоначалник да покажеме сериозност и да ја поштедиме јавноста од здодевна и негативна кампањска реторика. Да сме здрави и живи, се гледаме на избори! – пишува Георгиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This