Градоначалникот на Перник: Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, често има несреќи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјавил градоначалникот на Перник Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата.

Како што јавува дописник од МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна. Причините за несреќата можат да бидат многу.

„Патот е влажен. Овој дел има многу големи надолнини. Од вчера врне слаб дожд. Не може да се каже дали причината е лошо време, но причините може да бидат многу“, рече Владимиров.

Според градоначалникот на Перник, на овој дел од патот често се случуваат несреќи. Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, има огромна денивелација и голема концентрација на сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This