ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЌЕ СИ ГО УРЕДУВА ДВОРОТ?: Општина Ѓорче Петров се задолжи за 14,5 милиони денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После две години безидejност, нepаботење и pacипништво од страна на локалната власт во општина Ѓорче Петров на денешната седница на Советот на општината советниците од СДСМ најпосле донесоа една крупна одлука: ЈА ЗАДОЛЖИЈА ОПШТИНАТА 14,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, пишува советникот Славчо Мисајлески на Фејсбук.

-И тоа не би било дотолку важно ако тука нормално не е вмешан личниот интерес на градоначалникот. Инаку задолжувањето е за уредување на просторот и улицата во реонскиот парк т.н. Корзо каде што по некоја случајност се наоѓа и семејната куќа на фамилијата Наумоски. Дополнително и мотивот му бил личен (барем така се произнесе), го потсетувало на детството и романсите што се случувале во тоа време. И тоа се би било така убаво доколку општината нема други поприоритетни потреби и проекти, доколку жителите немаат проблеми со неасфалтирани улици, со фекална и атмосферска канализација, доколку нема листа за чекање во градинките, доколку и многу други слични потреби од есенцијална природа за нормално функционирање се задоволени. Нормално како што им доликува за тие нешта не го прашаа народот, немаше јавна расправа и немаше финансиска анализа за издржливост на отплатата на долгот иако законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го наложува тоа. А впрочем и не би биле тие тоа што се доколку ги почитуваат законите. Ете пример си земаат од оние погоре во централната власт. И кога ќе се спомне задолжувањето прашањето што секој би си го поставил е каде се потрошени парите во изминатите две години со оглед на тоа што буквално ништо немаат направено, пишува Мисајлески и додава:

„Одговорот секако се наоѓа во лooшото и расипничко управување на локалната власт, нерационалните трошења од различен вид, за пример само за редовни и привремени вработувања ги зголемија ставките за повеќе од 6мил. денари, ставки за репрезентација (1 мил денари само за градоначалникот), трошења за тродневни забави кои нашата скромна општина ќе ја чинат повеќе од 3 мил денари, разни трансфери и многу други непотребни трошоци. На сето тоа ние како советничка група жестоко реагиравме и ќе продолжиме да го правиме истото доколку се загрозува интересот на жителите од општина Ѓорче Петров. Нужнoo е народот да ги знае сите работи кои што се однесуваат на начинот како и за што се трошат неговите средства, дали се тоа за разумни проекти, искрени и чесни или пак во позадина се јавува само личниот интерес. На крај тие се оние кои што ја даваат и одземаат довербата. А по се изгледа во општина Ѓорче Петров довербата е оддамна потрошена сега се гледа само задоволување на личните и партиски апетити на локалната власт предводена од СДСМ“.

После две години безидејност, неработење и расипништво од страна на локалната власт во општина Ѓорче Петров на денешната…

Posted by Славчо Мисајлески on Tuesday, August 6, 2019

Погледнете ја жестоката дебата во советот на општината токму на оваа тема:

Голема кавга во Советот на општина Ѓорче Петров!

Голема кавга во Советот на општина Ѓорче Петров!

Posted by infomax.mk on Wednesday, July 31, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This