ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОХРИД И СТРУГА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ИНГЕРЕНЦИИ: Охрид и Струга ќе останат без ингеренции за плажите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одземањето на ингеренциите на општините Охрид и Струг во делот на издавањето на плажите под концесија и пренесувањето на надлежностите на државата, ќе се случи веднаш по изборите.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, најави дека ако тоа се случи, ќе го обжали законското решение, па ако треба ќе си поднесе и оставка од функцијата. Премиерот Зоран Заев пак, информира дека во Собранието се веќе доставени измените на Законот за градежно земјиште.

„….Целта е да ставиме една протекција односно комплетна заштита на целото крајбрежје. Тоа не значи дека Охрид не треба да се развива, но треба да се развива под контрола на државата, екологистите и окото на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Освен за ингеренциите врз плажите, од власта тврдат дека ќе се бара и одговорност за серијата опожарувања на трски долж крајбрежјето.

„Се бара и веќе се преземени конкретни чекори. Кривичи пријави се испорачани за двете локации каде што се бараше. Утврдени се самите сторители и кривичните пријави се поднесени….“, додава Заев.

Екологистите велат дека во изминатите години редовно поднесувале пријави до надлежните за слични вакви дејства, но немало ефект.

„Ако на таквите уништувачи на трска им се поднесат пријави и се преземат некои казнени мерки мислам дека ситуацијата би треба да се подобри…“, рече Маријан Главински- извиднички одред Крсте Јон Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This