ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ШТИП И ГАЗИ БАБА ЗАРАБОТИЈА ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ: Бочварски делел дрва за време на избори, а Георгиевски тендер за обезбедување во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија ќе иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки. За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината и објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постапка против градоначалникот на Штип е во врска со дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар”, со помош на ЈП.„Македонија пат” и „Македонски шуми”, како и ТТПЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This