ГРАНДЕ ПАНДЕВ СЕ ВРАЌА ВО ИНТЕР: Клубот од Милано сака да ја врати назад македонската фудбалска легенда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот фудбалски гигант Интер размислува да го врати својот некогашен напаѓач Горан Пандев, тврди репортерот на Скај спорт, Џанлука ди Марѕио.

Според него, тренерот Антонио Конте не е задоволен од своите напаѓачи, па сака во последен момент да ја засили најистурената линија пред противничкиот гол со најдобриот македонски фудбалер.

Преодниот рок во Италија завршува утревечер во 20:20 часот, а Пандев е прва опција за засилување на нападот на „нероаѕурите“ за вонредни состојби по суспензијата на Лаутаро и поради незадоволителната форма на Санчез.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, и покрај своите 36 години и најавата за пензија на крајот од сезонава, продолжува да се промовира во човек за опстанок на Џенова во Серија А, постигнувајќи пет гола на 18 првенствени настапи.

Скај спорт го смета за прв пик за враќање по девет години во Милано, каде што беше дел од шампионската генерација што ја освои тројната круна. Помеѓу 2010 и 2011 година Пандев одигра 68 натпревари и постигна 8 погодоци за Интер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This