ГРАЃАНИТЕ БЕА ИЗMАНИПУЛИРАНИ: Референдумското прашање беше претставено како единствен начин за добивање датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Спасеновски, универзитетски професор и поранешен пратеник, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за следните чекори кои треба да се преземат по недобивањето датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

„Сметам дека единствена исправна политичка позиција на Владата во овој момент е да донесе одлука за рacпуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори. Особено заради фактот што оваа политичка коалиција, независно од фактот што не оcвои најмногу пратеници на изборите, меѓутоа коалицијата којашто се формираше после тоа помеѓу СДСМ, ДУИ и неколку други албански партии, беше формирана за да се зајакнат, унапредат и забрзаат европските и евроатланските перспективи на Република Македонија и да се затворат клучните политички теми од аспект на билатералните односи на Република Македонија со соседните држави.

Факт е дека НАТО е тука, но истовремено, доколку го земеме референдумското прашање, во тој случај можеме да кажеме дека ова претставува еден сликовит пример, како граѓаните на Република Македонија беа убедувани дека единствено на овој начин ќе се оствари една голема политичка цел. Сега се апcтрахираме од политичката позиција на Франција којашто ја прeдизвика оваа состојба, но имајќи ги во предвид ветувањата на СДСМ и основите врз основа на кои беше формирана политчката коалиција, повеќе од логично е Република Македонија да оди на предвремени парламентарни избори“, рече Спасеновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This