ГРАЃАНИТЕ ВО НОВАТА ГОДИНА ПОСИРОМАШНИ: Инфлација, зголемување на животниот стандард и помали примања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новото поскапување на нафтата директно удира по џебот на граѓаните. Цената на нафтата се заканува да го намали и онака кревкиот стандард на потрошувачите. Најголем удар од новата цената на нафтата ќе има врз потрошувачите ако се реализираат најавите за зголемување на транспортните услуги и евентуалното поскапување на лебот за кое се прават калкулациите.

Граѓаните стравуваат дека поскапувањето на нафтата ќе покрене цела една низа од поскапувања.

Нафтата и со последното поскапување е една од најевтините во регионот беше едно од објаснувањата кога се најавуваше воведувањето на акцизата но сепак гледано во однос на стандардот на македонските потрошувачи нафтата е скапа сметаат дел од експертите. И бизнис заедницата на новите даноци гледа како на дополнителен товар кој на крајот го плаќаат граѓаните.

Новата цена на дизелот е 58,5 денари од кои 30,4 денари одат за рафинеријата, 3,7 денари се за трговците а остатокот од 24,4 денари од секој литар одат на сметка на државата за акцизата, ДДВ-то, и мала ставка за задолжителни нафтени резерви и за животна средина.

И земјоделците се на удар од новата давачка. Здружението на земјоделска техника смета дека со новата акциза ќе поскапи транспортот а стравуваат дека ќе повлече и поскапување на ѓубривата и препаратите заради што очекуваат компензација од воведувањето на зелената нафта која е најавена за годинава.

За околу една недела регулаторната комисија треба да соопшти дали ќе има и нова цена на горивата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This